Куп на Македонија: Работнички безмилосно удри по Карбинци, му даде 16 гола, Македонија ЃП погоди 14 пати!

by riste
1 минути читање

Работнички немаше милост кон третолигашот Карбинци, славеше со 16-0 и ја оствари една од највисоките победи во Купот на Македонија, малку „понеефикасен“ беше тимот на Македонија ЃП кој со 14-0 славеше кај Љуботен.

Тимот од Дебар Маало мака мачи да постигне гол во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), по три одиграни кола уште ниту еднаш не се израдуваа на погодок.

Во Купот на Македонија најдоа тим врз кој го истурија бесот, му дадоа дури 16 голови на Карбинци.

Резултатот на полувремето беше 9-0 за Работнички, во вториот дел погодија уште седум пати, за конечни 16-0.

Ова е втора најубедлива победа во Купот на Македонија, рекордот го држи Брегалница кој со 22-0 го победи Ново Црнилиште во 2019 година.

По два гола дадоа Жаку, Хоџа, Николовски, Асани и Далеј, по еднаш погодија Кадриу, Демири, Мециновиќ, Ангелов, Елези и Бошнаков.

Голови денеска се изнадаваа и фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров кој со 14-0 победија на гостувањето кај Љуботен.

Висока победа забележа и Брегалница која со 6-0 ја совлада Победа Валандово.

Силекс со 7-1 славеше на гостински терен кај Евротип Онлајн.

Изненадување направи Охрид кој на пенали го исфрли прволигашот Брера. Резултатот во регуларниот тек беше 1-1.

Резултати:

Карбинци – Работнички 0-16
Победа Валандово – Брегалница 0-6
Евротип Онлајн – Силекс 1-7
Охрид – Брера 1-1 (победа на Охрид на пенали)
Башкими 2008 – Детонит Плачковица 1-4
Љуботен – Македонија ЃП 0-14

Можно е и ова да ти се допаѓа

×