Ветеранот Пјаниќ пред изненадувачки трансфер

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина и фудбалер кој го носеше дресот на клубови како Барселона, Јувентус и Рома, Миралем Пјаниќ, ова лето се раздели со московски ЦСКА и сè уште е во потрага по нов ангажман.

Пјаниќ веќе заврши со играњето фудбал на највисоко ниво во Европа, меѓутоа сега е појави изненадувачка најава.

Според „Трансфермаркт“, Пјаниќ добил понуда од тимот Мохун Баган Супер Џаент, кој настапува во Азиската Лига на шампиони. Во моментов, двете страни водат разговори околу можниот трансфер.

Пјаниќ има 35 години, минатата сезона настапи на 25 натпревари за ЦСКА и запиша три асистенции. Во неодамнешно интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека тренира со приватен тренер и дека планира да игра уште најмалку една или две сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×