Контроверзен пенал му донесе победа на Лидс против Евертон (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Лидс со 1-0 го совлада Евертон во последниот натпревар од 1. коло во Премиерлигата, домаќините стигнаа до трите бода преку контроверзен пенал.

Првото коло во новата сезона во Премиерлигата заврши со контроверзија, Лидс го совлада Евертон со помош на спорен пенал.

Во завршницата од натпреварот, Стах упати удар од далечина а Тарковски тргна да блокира, но топката го погоди во рака.

Судијата без многу размислување покажа на белата точка, а одлуката ја потврди и ВАР и покрај тоа што раката на дефанзивецот на Евертон беше залепена за телото.

Нмеча ја презеде одговорноста, погоди за 1-0 и донесе три бода за Лидс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×