Андре Онана не беше дел од првиот натпревар во сезоната за Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми најавуваат вистинско изненадување на „Олд Трафорд“.
Според „The Sun“, раководството на клубот сериозно размислува за враќање на Давид Де Геа. Легендарниот шпански голман помина 12 години во Јунајтед од 2011 до 2023 година, но беше исфрлен од плановите на Ерик тен Хаг и неговото место го пополни Онана кој досега не успеа да остави силен впечаток.
Де Геа во меѓувреме се врати на терените и со успех брани за Фиорентина. Пред почетокот на сезоната токму против Манчестер Јунајтед одигра пријателски натпревар во кој беше најдобар фудбалер на теренот.
„Ѓаволите“ веќе започнале преговори за кам-бек на Шпанецот, а дополнителна предност е тоа што во неговиот договор со Фиорентина постои клаузула која му овозможува заминување за релативно ниска сума.