Екипата на Шкупи се соочуваат со многу проблеми, а сега со помош на новиот прволигаш Башкими успеаа да решат барем еден.
Имено, од сите прволигаши единствено на стадионот во Чаир нема услови за ВАР технологијата и поради тоа ФФМ не дозволува да се играат натпревари.
Во првото Шкупи играше на гости со Шкендија, но во второто мораше да бара решение бидејќи го пречекува Силекс. Помошта стигна од Куманово, Башкими излезе во пресрет на клубот од Чаир, па така Шкупи таму ќе го игра натпреварот в недела.
Сепак, треба да се каже дека далеку од тоа дека во Шкупи можат да бидат мирни, тие се соочуваат со сериозни проблеми со ростерот, доказ беше и натпреварот со Шкендија во кој имаа само четири резерви и двајца од нив беа голмани.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Силекс е закажан за терминот од 17:00 часот.