„Војната“ на „Шверцери“ со раководството на Шкупи продолжува – истакнаа транспарент и си заминаа од Тетово! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкупи во првиот натпревар од сезоната претрпеа убедлив пораз од Шкендија со 5-1, а тој беше и очекуван со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот од Чаир.

Во Шкупи навивачите се во конфликт со раководството поради кое тимот денеска во Тетово допатува со дури седум младинци во стартниот состав, а на клупата имаше само четири резерви и од нив двајца беа голмани, а претходно беше неизвено дали воопшто чаирчан ќе имаат 15 професионални фудбалери за натпреварот.

Незадоволството од хаосот навивачите го покажаа со истакнување на транспарент некаде на средина на второто полувреме на кој пишуваше.

„Во Шкупи нема место за измамници“.

Веднаш по истакнувањето на паролата навивачите ја напуштија трибината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×