Ал Вахда од Абу Даби денеска го официјализираше трансферот на српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една сезона.
Искусниот офанзивец во изминатиот период се поврзуваше со враќање во татковината, каде за него интерес покажаа Војводина и Црвена Звезда, но не беше постигнат договор. Наместо тоа, Тадиќ ќе ја продолжи кариерата во Обединетите Арапски Емирати.
Финансиските детали од договорот не се откриваат, но српските медиуми пренесуваат дека станува збор за значително поголема сума од онаа што би ја добил во Србија. Во игра беше и Атлетико Мадрид, но шпанскиот клуб на крајот се откажа од намерата да го ангажира.