„Жоао Феликс? Тука нема пиење алкохол, може да успее“

by riste
1 минути читање

Тренерот на Ал Наср, Жорге Жесус смета дека начинот на живот во Саудиска Арабија ќе му биде од помош на Жоао Феликс да ја врати кариерата во вистински колосек.

Додека играше за Бенфика, Феликс важеше за еден од најголемите таленти во фудбалот, но откако замина во Атлетико Мадрид неговата кариера почна да оди во надолна линија.

Во новата сезона ќе игра за Ал Наср каде ќе има добро португалско опкружување, таму тренер е Жорге Жесус, а најголема ѕвезда Кристијано Роналдо.

„Жоао Феликс? Во Саудиска Арабија е забрането консумирањето алкохол, нема ноќни излегувања, и тоа нема да му одзема внимание од фудбалот и конечно ќе може да го видиме вистинскиот Феликс. Возбуден сум поради тоа и верувам дека и на него му е цел конечно да го покаже својот квалитет“, рече Жорге Жесус и додава:

„Не сакам да кажам дека тој тие работи ги прави често, но тука сите играчи се максимално фокусирани на фудбалот и дружење со семејството и пријателите и тоа како им помага да бидат на повисоко ниво. Знам колку може тој и сигурен сум дека ќе ги оправда очекувањата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×