Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Реиниер е пред враќање во Бразил и потпис со Атлетико Минеиро, вели дека конечно е среќен откако пет години бил испраќан на позајмица.
„Кралевите“ инвестираа 30 милиони евра за ангажман на Реиниер во јануари 2020 година, но Бразилецот не одигра ниту една минута за првиот тим на Реал Мадрид.
Првите шест месеци од авантурата на „Бернабеу“ ги помина во резервниот тим, а потоа беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд (две години), Жирона, Фросиноне и Гранада.
Откако стана јасно дека Реиниер нема иднина на „Бернабеу“, Реал му го раскина договорот една година пред истекот и му даде одврзани раце да си најде нов клуб ова лето.
Фудбалерот од средниот ред се реши за враќање во Бразил, и сега е пред потпис со Атлетико Минеиро.
„Од првиот момент ја почувствував наклонетоста на сите луѓе поврзани со клубот. Се наежив, мајка ми за малку што не заплака. Многу сум среќен што ќе потпишам со Атлетико Минеиро. Среќен сум што ја чувствувам оваа топлина, ми недостасуваше ова. Не бев среќен, пет години ме испраќаа на позајмица. Ќе дадам се од себе на теренот и подготвен сум да му помогнам на тимот“ – вели 23 годишниот Реиниер.