Данската фондација „Правда за играчите“ поведе колективна кривична постапка во име на над 100.000 фудбалери, откако Европскиот суд на правдата откри сериозни прекршувања на нивните работнички и пазарни права.
Во тужбата, покрај фондацијата, се вклучени уште пет фудбалски организации, а целта е обештетување за сите играчи кои можеби изгубиле приход или дел од него поради постоечките трансфер политики и прописи кои, според нив, се спротивни на европските закони.
Фондацијата ги повика сите фудбалери кои настапувале во Европската Унија или Обединетото Кралство од 2002 година да се приклучат на тужбата. Како основа за ваквиот чекор ја посочуваат пресудата на Европскиот суд од минатата година во случајот со Ласана Диара, поранешен член на Реал Мадрид. Тогаш судот утврди дека ФИФА со години го крши Законот за пазарна конкуренција на ЕУ, како и правото на слободно движење на работниците.
Случајот би можел да предизвика сериозни последици во фудбалскиот систем, особено ако судот донесе одлука во корист на играчите.