Нова убедлива победа на ЖФК Љуботен во квалификациите за ЛШ

by riste
1 минути читање

Женскиот фудбалски клуб Љуботен со 4-0 славеше против Пјуник во меч кој денеска се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, македонскиот тим се пласираше во вториот дел од квалификациите за Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион пласманот го обезбеди со триумфот на мини-турнирот кој се играше во Скопје, откако претходно го совладаа Рунавик од Фарски Острови со 4-1.

Најдобра на теренот денеска беше Хава Мустафа која ги постигна сите четири погодоци.

Во второто коло каде што стигнуваат за првпат по три сезони учество во квалификациите ги чека натпревар против шведскиот шампион Росенгард na 27 aвгуст, а победникот ќе оди во финалето против подобриот од второто полуфинале помеѓу Сарајево и Ауд-Хеверли Левен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×