255
Офанзивецот на Барселона, Дани Олмо смета дека „каталонците“ подобро се засилиле ова лето во споредба со вечниот ривал Реал Мадрид.
„Каталонците“ ова лето донесоа три имиња, пристигна голманот Жоан Гарсија како и двајцата офанзивци, Маркус Рашфорд и Руни Бардгџи.
Не се очекуваат нови имиња до крајот на преодниот рок, но и покрај тоа, Дани Олмо света дека е завршена добра работа.
„Се засиливме и подобривме. Би рекол дека се засиливме подобро од Реал Мадрид“ – со самодоверба вели Шпанецот.
За споредба, Реал Мадрид ова лето го донесе Трент Александер Арнолд од Ливерпул, Дин Хујсен од Борнмут, Алваро Карерас од Бенфика како и Франко Мастантуоно од Ривер Плата.