Познати се можните противници на Шкендија во плеј-офот за ЛШ ако го елиминира Карабах

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија вчера ја елиминираа екипата на ФЦСБ и во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите македонскиот претставник ќе се соочи со екипата на Карабах од Казахстан, а познати се потенцијалните ривали на тетовци ако стигнат до плеј-офот.

Карабах ќе ја има фаворитската улога во двомечот, но така беше и со ФЦСБ и ако шампионот на ПМФЛ приреди уште едно изненадување во плеј-офот ќе биде во групата на неносители.

Така можни противници на Шкендија се:

Бодо/Глимт

Копенхаген или Малме

Црвена Звезда или Лех Познањ

Ференцварош или Лудогорец

Селтик

Првиот нтпревар против Карабах Шкендија го игра на 5 август во Скопје, додека реваншот е на 12 во Азербејџан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×