Херојски подвиг: Легенда на Манчестер јунајтед спаси момче кое сакаше да скокне од мост (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Антонио Валенсија се соочи со непријатна ситуација во својот Еквадор каде што успеа да го спаси животото на едно момче кое сакало да изврши самоубиство.

Валенсија по завршувањето на кариерата се врати во неговата татковина каде што живее и денес, а сега помина и низ драматичен момент кој на крајот за среќа добро се заврши.

„Вчера имав искуство кое беше далеку од пријатно. Едно момче сакаше да го заврши својот живот на овој мост, беше многу млад. Излегов од автомобилот и дојдов до него. Не го спасив, но разговарав со него. Се обидов да го мотвирам, но беше многу тешко“, објави Валенсија.

Објасни Еквадорецот и што се случувало потоа.

„Му благодарам на Бог што членовите на неговото семејство брзо стигнаа. На крајот одлучи да не си го одземе животот. Ве молам, да се чуваме себе, својот ум и срцето.  Менталното здравје е многу важно“, додаде Валенсија.

Во својата кариера Валенсија помина дури десет години во Манчестер јунајтед со кој освои две титули шампион на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×