Шкендија ја елиминираше екипата на ФЦСБ и си обезбеди европски фудбал до Нова Година, а тоа ќе значи и многу заработени пари.
Македонскиот шампион испиша клупска историја, ќе игра најмалку во лигашкиот дел од Конференциската лига.
Тие се пласираа во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите каде ќе се сретнат со Карабах.
Ако го поминат азербејџанскиот тим ќе играат плејоф за влез во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, ако загубат ќе играат во плејофот за Лига Европа.
Во најцрното сценарио, односно пораз и во плејофот од Лига Европа, Шкендија ќе обезбеди директен пласман во лигашкиот дел од Конференциската лига.
Тоа значи дека таму ќе одиграат најмалку уште шест средби.
Пресметките велат дека ако Шкендија ги загуби сите наредни натпревари ќе инкасира околу пет милиони евра, што значи дека со евентуални нови успеси оваа сума може само да се зголемува.