189
Денеска беше извршена ждрепката за распоредот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а таа донесе големо дерби уште во воведното коло.
Вардар ќе го пречека Пелистер во првото коло од новата сезона во ПМФЛ која ќе започне на 8 август.
Шампионот Шкендија ќе тргне на домашен терен против Шкупи, новајлиите Башкими и Арсими ќе имаат меѓусебен дуел.
Работнички гостува во Кавадарци кај Тиквеш, повратникот во елитата, тимот на Македонија ЃП ќе има незгодно гостување кај Струга, а Силекс ќе ја пречека Брера.
- коло
Тиквеш – Работнички
Башкими – Арсими
Струга – Македонија ЃП
Шкендија – Шкупи
Силекс – Брера
Вардар – Пелистер