232
Добри вести за Вардар пред заминувањето за Лозана, капитенот Горан Закариќ е подготвен за игра.
За време на мечот против Ла Фиорита во Сан Марино, Закариќ го повреди стаплото поради што не беше во комбинација за првиот меч против Лозана.
Физиотерапевтот Јован Димовски потврди дека повредата на Закариќ е минато и тој може да игра во Лозана.
„Играчите се подготвени, Горан Закариќ се враќа во тимот и ќе отпатува со нас за Лозана. Неговото присуство ќе биде од големо значење за нашиот тим на ова гостување. Михаил Талески има проблем со коленото и нема да настапи“, рече Димовски.
Натпреварот во Лозана е закажан за в четврток во терминот од 20:15 часот.