Пелистер ја засили офанзивата со српски фудбалер, Булатовиќ е нов член на битолчани

by riste
1 минути читање

ФК Пелистер промовираше уште едно засилување за новата сезона, се работи за српскиот фудбалер Лука Булатовиќ кој во Битола доаѓа од словенечка Горица.

Битолскиот клуб денеска го претстави Булатовиќ како ново засилување.

„27-годишниот српски интернационалец Лука Булатовиќ денес потпиша едногодишен договор со нашиот клуб, веднаш откако ги мина лекарските прегледи“, се вели во соопштението.

Тој е офанзивен фудбалер кој игра по крилните позиции.

Се работи за српски фудбалер, кој започна во Раднички Сремска Митровица, а потоа својата кариера ја градеше во Грција. Булатовиќ беше член на АЕ Лефкимис, Амвракиос Лутру, Македоникос Неаполис, пред во 2024 година да премине во словенечка Горица. За својот последен клуб минатата сезона одигра 29 натпревари и запиша седум гола и шест асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×