Вентура ќе добие убава „премија“ за збогум од кормилото на Италија

by
1 минути читање

„Аѕурите“ по 60 години нема да настапат на Светско првенство откако загубија во баражот против Шведска.

Разочарувањето е огромно, нацијата бара заминување на селекторот Џанпјеро Вентура, но тој не сакаше да слушне за оставка.

Па Фудбалската федерација на Италија ги зема работите во свои раце и денеска му врачи отказ на стратегот.

Но ваквиот потег дополнително ќе ја чини ФФИ, медиумите од Италија пишуваат дека на Џанпјеро Вентура ќе треба да му бидат исплатени околу 866.000 евра како обесштетување за предвреме раскинатиот договор.

Тој во август доби продолжување на договорот до 2020, но ова беше условено со обезбедување на пласман на мундијалот во Русија.

Бидејќи ова не се случи, неговиот договор е со трајност до јуни 2017, па за овие неколку месеци ќе добие убава „премија“ за збогум од кормилото на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани