274
Германскиот клуб го обезбеди потписот на Џикура Рејмонд Бомба, 17-годишен талент од Мали кој ќе им се приклучи во март 2026 година, кога ќе стане полнолетен. Договорот е потпишан до летото 2030 година.
Бомба моментално настапува за КС Бамако во татковината, а се истакна на Африканскиот куп на нации за играчи до 17 години со два гола и шест асистенции, што беше доволно за да го впишат скаутите на Леверкузен во своите тефтери.
Според медиумите, „фармацевтите“ за неговите услуги платиле 1,5 милиони евра. Ова е веќе петто засилување за иднината што Баер го донесе во летниот преоден рок.