Вентура немаше доблест да си поднесе оставка, но затоа Италија му даде „клоца“

by
1 минути читање

Искусниот стратег стана првиот човек кој не успеа да ја однесе Италија на Светско првенство, кога „Аѕурите“ за последен пат не се пласираа во 1958 на чело на тимот имаше комитет.

И покрај големиот неуспех, Џанпјеро Вентура не најде доблест да си поднесе оставка.

Сепак, Фудбалската федерација на Италија реагираше веднаш и му врачи отказ.

По состанокот кој беше одржан денеска, до медиумите беше испратено кратко соопштение во кое се вели: „Како прва одлука денеска, претседателот Карло Тавекио соопшти дека Џанпјеро Вентура повеќе не е селектор на националниот тим“.

Медиумите претходно шпекулираа дека Вентура не сака да си даде оставка со цел да добие обесштетување од околу 700.000 евра кое треба да го добие за предвремен прекин на соработката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани