Бразилецот со 32 клупски трофеи објави фудбалска пензија

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот бразилски репрезентативец и долгогодишен член на Баерн Минхен, Рафиња, стави крај на својата богата фудбалска кариера. Последниот клуб за кој настапуваше 39-годишниот десен бек беше Коритиба, со која го заокружи своето патување на теренот.

Рафиња остави голема трага во германскиот фудбал. Од 2005 до 2010 година го носеше дресот на Шалке, а потоа следеше трансфер во Баерн Минхен, каде мина осум сезони и освои сè што може да се освои. Со „баварците“ освои седум титули во Бундеслигата, четири Купови, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во 2013 година.

Во текот на кариерата подигна вкупно 32 трофеј, а иако не доби многу шанси во репрезентацијата, успеа да забележи четири настапи за Бразил. Освен со Баерн со кој крена 18 трофеи, Рафиња се радуваше на титули и со Фламенго (6), Олимпијакос (2), Гремио (2), Сао Пауло (2).

Тој најави дека веројатно нема да продолжи да игра фудбал и дека ќе започне ново поглавје надвор од терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×