Австралија е претпоследниот патник на Светското првенство во Русија откако го поминаа Хондурас во бараж дуелот.
Немаше голови на натпреварот во Хондурас, Австралија ја искористи предноста на домашен терен во реваншот, дојде до победа и заслужено се радува на голем успех.
Мрежите мируваа до 53. минута кога Миле Јединак од слободен удар, со помош и од играч на Хондурас постигна гол за водство од 1-0.
Во 72. минута Австралија доби пенал по игра со рака на еден од играчите на Хондурас, Јединак реализираше од белата точка за водство од 2-0.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 85. минута кога Австралија доби уште еден пенал кој Јединак исто така го претвори во гол.
Во судиското продолжение Хондурас успеа да постигне почесен гол по една мешаница од корнер, стрелец беше Елис.
Ноќеска ќе биде комплетиран списокот на учесници за мундијалот откако ќе заврши и бараж дуелот помеѓу Перу и Нов Зеланд. На првиот меч немаше голови.