216
Тажна вест од Италија, поранешниот фудбалер Челесте Пин е пронајден мртов во својот стан.
Откако неколку дена не бил достапен и не одговарал на повиците од семејството, полицијата извршила проверка и го пронашла неговото тело. Италијанските медиуми пренесуваат дека не се исклучува можноста за самоубиство, но точната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата.
Челесте Пин важеше за легенда на Фиорентина, одигра над 200 натпревари во дресот на „виолетовите“. Во кариерата настапуваше и за Перуџа, Верона и Сиена, а беше дел и од младинските селекции на Италија.