Андерсон: Не ме прашувајте за Ибрахимовиќ

by
1 минути читање

Шведска ја шокираше Италија и се пласираше на Светското првенство во Русија, а тоа ги повлече и прашањата дали Ибрахимовиќ ќе се врати во репрезентацијата за настап на Мундијалот.

„Ова е неверојатно! Ибрахимовиќ престана да игра за Шведска пред година и пол а ние тука се уште зборуваме за него“ – вели Андерсон.

„Треба да зборуваме за овие одлични играчи кои ги имаме во овој тим. Имаме многу херои вечерва“.

„Кога Ибрахимовиќ беше тука игравме поинаков стил на фудбал. Откако тој одлучи да замине од репрезентативниот фудбал, тој е голем шампион, но ние требаше да најдеме да се адаптираме и да го промениме стилот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани