Наполи и Галатасарај имаат вербален договор за трансфер на Осимен, ова се деталите

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Галатасарај и Наполи имаат вербален договор за трансфер на Виктор Осимен, конечната бројка може да биде 80 милиони евра, наместо 75 милиони колку што изнесува откупната клаузула.

Трансфер сагата на Виктор Осимен е пред крај, Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор.

Веста прв вечерва ја објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу, кој на социјалните мрежи објави дека паднал договор за зделка вредна 80 милиони евра, клаузула со која се оневозможува продажба на клуб од Италија во период од 2 години, како и 10% од следна продажба.

Потоа со информација излезе и Фабрицио Романо, кој откри повеќе детали.

Галатасарај ќе плати 40 милиони евра веднаш, додатни 35 милиони евра во период од една година, како и бонуси поврзани со голови во висина од 5 милиони евра.

Наполи ќе добие и 10% од профитот од следната продажба, како и клаузула со која ќе се избегне трансфер на Виктор Осимен во клуб од Серија А во следните две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×