Знаете ли како пропадна трансферот на Нико Вилијамс во Барселона?

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона доби голем удар на трансфер-пазарот откако Нико Вилијамс на почетокот од летото реши да ја одбие понудата од „Камп Ноу“ и потпиша нов, фантастичен десетгодишен договор со Атлетик Билбао.

Каталонците беа силно заинтересирани за 23-годишниот репрезентативец на Шпанија, но останаа со празни раце. Како што пишува шпански „АС“, преговорите почнале позитивно, спортскиот директор Деко имал отворен канал со агентот на играчот, Феликс Таинта, но потоа работите тргнале во спротивен правец.

Барселона дознала дека Таинта паралелно води преговори со Атлетик Билбао за нов и значително подобар договор. Ова предизвикало нервоза кај челниците на шпанскиот гигант, па еден од нив дури директно го контактирал Вилијамс со предлог да го отпушти својот агент и да ангажира поголемо име како Жорже Мендеш или Пини Захави.

Вилијамс не прифатил таков потег и отворено застанал во одбрана на својот долгогодишен агент. Барселона остана без еден од своите приоритети, а Атлетик доби голема победа и Нико ќе биде лидер на тимот во наредната деценија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×