Милан не се откажува од ангажманот на Первис Еступињан и продолжува со преговори со Брајтон, откако првата понуда беше одбиена.
„Росонерите“ се надеваат дека ќе успеат да го финализираат трансферот за сума под 20 милиони евра, а самиот фудбалер веќе ја прифатил понудата и чека клубовите да најдат заеднички јазик.
Во преговорите е вклучен и агентот Жорге Мендеш, кој работи на реализација на зделката, откако Еквадорецот јасно ставил до знаење дека сака преселба на „Сан Сиро“.
Милан е во потрага по ново решение за левата бековска позиција по заминувањето на Тео Ернандез, а Еступињан е прв на листата. Брајтон засега не попушта, но разговорите продолжуваат и двете страни се оптимисти дека може да дојде до договор.