Емилијано Мартинез има ниска откупна клаузула, но Манчестер јунајтед сака да плати повеќе

by bojan
1 минути читање
Емилијано Мартинез е идентификуван од Манчестер јунајтед како замена за Андре Онана

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека во договорот на Емилијано Мартинез има откупна клаузула од 25 милиони евра, но Манчестер јунајтед води преговори со Астон Вила да плати повеќе со цел сумата да биде распределена на неколку рати.

Андре Онана со неколку големи киксови си ја стави под знак прашалник својата иднина на Олд Трафорд, па изминатиов период често се пишува дека Манчестер јунајтед летоска ќе ангажира нов голман.

Последните информации велат дека „ѓаволите“ преговараат за ангажман на Емилијано Мартинез од Астон Вила.

Медиумите од Аргентина откриваат дека голманот има ниска откупна клаузула – околу 25 милиони евра.

Сепак, Манчестер јунајтед сака да плати повеќе со цел сумата да биде распределена на неколку рати и да не го оптовари премногу буџетот.

ФОТО: X/Aston Villa

Можно е и ова да ти се допаѓа

×