Германската легенда го советува Тер Штеген: Замини од Барселона, нема повеќе да браниш!

by Стефан
1 минути читање

Иднината на германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген во последно време е тема на медиумите, а како што пренсуваат бројни ивори во новата сезона тој би бил дури трет избор за Флик, ако остане во клубот.

Поради тоа легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус го совеува да ја промени средината.

„Ако сака да игра на Светското првенство, мора да замине.  Во Барселона повеќе нема да брани. Мора да прифати дека клубот има други планови и тоа е нормално“, изјави Матеусс.

Тер Штеген во мината сезона беше опериран по тешката повреда и помина осум месеци надвор од терените. Таа пауза во комбинација со доаѓањето на Шчесни доведе до ситуација Тер Штеген да стане „вишок“, па останува да видиме до крајот на летото дали ќе се одлучи за промена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×