Доналд Трамп беше главна ѕвезда на неодамна завршеното Светско клупско првенство кое за првпат се играше во формат со 32 клуба, а до трофејот стигна екипатан а Челси.
Сега, претседателот на САД откри дека оригиналниот трофеј кој бил направен за ова натпреварување останал во неговата канцеларија.
Трофејот во канцеларијата на Трамп пред турнирот го донел првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
„Го прашав: Кога ќе си го земете трофејот? Ми одговорија: Никогаш нема да го земеме. Може засекогаш да остане тука во канцеларијата. Ќе направиме нов. И навистина направија нов. Тоа беше возбудливо, сега е тука во канцеларијата“, изјави Трамп.
Трофејот за Светското клупско првенство вреди околу 230.000 долари и во него има 24-каратно злато, а според информациите репликата која ја добил Челси не се разликува по ништо од оригиналот.