Охрид промовира ново крило од Брегалница

by 24 фудбал
0 минути читање

Охрид доби ново крилно засилување откако договор со клубот потпиша Димитриј Димитриевски, поранешниот играч на Брегалница.

Офанзивецот кој игра на левата страна доаѓа по двегодишен престој во штипскиот прволигаш, каде што забележа 43 настапи во елитата.

Димитриевски ја почна кариерата во Њу Старс, во 2021 година го облече дресот на Македонија Ѓорче Петров, а по само една полусезона се пресели во Брегалница. Во новата сезона ќе го брани дресот на Охрид во второлигашката конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×