Санчо бара Манчестер јунајтед да му плати за да направи трансфер во Јувентус

by bojan
1 минути читање

Џејдон Санчо бара Манчестер јунајтед да му плати околу 5 милиони евра за да направи трансфер во Јувентус, ова треба да биде еден вид на компензација поради разликата во плата.

„Старата дама“ прави силни напори да го ангажира Џејдон Санчо и со недели води преговори со Манчестер јунајтед.

Двете страни се блиску до договор, а се верува дека Јувентус исто така е пред договор со Џејдон Санчо за висината на платата.

Но пред Англичанецот да даде зелено светло, сака да добие 5 милиони евра од Манчестер јунајтед.

Офанзивниот фудбалер во Торино ќе заработува околу 6 милиони евра плус бонуси, ова е значително помалку од тоа што го добива на Олд Трафорд, па сака да биде компензиран поради разликата во примањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×