Претседателот на Кристал Палас, Стив Периш ја искритикува одлуката на УЕФА да му го исфрли клубот од Лига Европа и да го премести во Конференциската лига.
УЕФА донесе одлука Кристал Палас да не игра во Лига Европа иако англискиот тим се пласираше таму со освојувањето на ФА Купот.
Проблем е тоа што имаат ист сопственик со Лион, па правилата на УЕФА велат дека еден газда не може да има два тима во истонатпреварување.
„Ова е една од најголемите неправди во европскиот фудбал. Ќе испратиме жалба до судот за спотска арбитража. Ова е тажен ден за фудбалот, а верувам дека вистинските фудбалски навивачи ќе ја препознаат неправдата“, изјави Периш за „Скај Спорт“.
Ако одлуката се потврди, местото на Кристал Палас во Лига Европа би можело да му припане на Нотингем Форест.
Фото: Crystal Palace F.C./X