Меси: Се уште сонувам да се вратам во Аргентина и да играм за Њуелс Олд Бојс

by
1 минути читање

Првите фудбалски чекори Меси ги направи во Њуелс Олд Бојс од каде премина во младинскиот погон на Барселона. Тој никогаш нема играно сениорски фудбал во друг клуб освен во каталонскиот гигант.

„Се уште сметам дека треба да играм на Њуелс Олд Бојс. Желбата да играм во аргентинскиот фудбал секогаш ќе стои“ – вели Меси.

Меси се смее на написите дека тој ги бирал тренерите и играчите во репрезентацијата на Аргентина.

„Кога зборуваат за пријателите на Меси, се смеам. Велат дека јас ги поставувам селекторите и одлучувам кои фудбалери ќе играат за Аргентина, тоа е лага“.

„Маскерано, Ди Марија, Биља… се големи имиња во светот на фудбалот и луѓето треба да имаат повеќе почит за нив. Друго ништо не би сакал да додадам на оваа тема“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани