Папу Гомез не сака да оди во пензија и ќе му се врати на фудбалот, Аргентинецот ќе потпише со второлигашот Падова и ќе се врати на терените кога ќе му заврши двегодишната суспензија во октомври.
Папу Гомез, кој со Аргентина триумфираше на Светското првенство во Катар, во октомври 2023 доби двегодишна суспензија поради паднат допинг тест.
Многумина тогаш му предвидоа крај на кариерата, но очигледно љубовта на Папу Гомез кон фудбалот е огромна.
Изминатиов период тој тренираше со неколку нисколигаши, а како што пренесуваат медиумите од Италија, тој сега ќе потпише едногодишен договор со италијанскиот второлигаш Падова.
Се очекува 37 годишниот Папу Гомез во петок да пристигне на лекарски прегледи, по што трансферот ќе се официјализира.
Аргентинецот, кој се прослави со добрите партии во дресот на Аталанта, ќе се врати на терените кога ќе му заврши двегодишната суспензија во октомври.
ФОТО: X/AC Monza