Душан Влаховиќ ги шокирал директорите на Јувентус со барањето да му бидат исплатени 10 милиони евра за летоска да го напушти клубот, „старата дама“ во овој момент не помислува да го направи тоа.
Душан Влаховиќ ја одработува последната година од договорот според кој ќе треба да инкасира 12 милиони евра, па Јувентус очајно се обидува да го продаде напаѓачот.
Но Србинот до овој момент ги одби сите понуди, и смета дека најдобро сценарио за него е да остане во Торино до 30. јуни 2026, и потоа како слободен играч да го одбере новиот клуб.
„Старата дама“ сака да избегне една ваква ситуација, па се разгледуваат сите можни опции, дури и таа да му платат на Душан Влаховиќ за тој да си оди ова лето.
Како што пренесува Ла Република, напаѓачот побарал 10 милиони евра, односно 5 за себе, и 5 милиони за своите агенти.
Овие „луди барања“ ги шокирале директорите на Јувентус, кои за сега не помислуваат да се согласат на вакви услови.
ФОТО: X/JuventusFC