Фенербахче го сака Алексис Санчез, му нуди богат договор!

by riste
0 минути читање

Изненадувачки вести од Италија, „Газета дело Спорт“ тврди дека Фенербахче тргнува по Алексис Санчез.

Фудбалерот кој има 38 години минатата сезона ја мина во Удинезе и не се прослави многу, но тоа не му пречи на Фенер да сака да го ангажира.

Турскиот клуб му понудил годишен договор со плата од 4 милиони евра и приватен авион на располагање додека е играч на Фенер.

Санчез добро го познава Мурињо со кој веќе соработуваше во Манчестер Јунајтед.

Фото: X/Udinese

Можно е и ова да ти се допаѓа

×