Тотнем од еден премиерлигаш не купил фудбалер 14 години, сега тоа може да се промени!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Тотнем би можела да добие засилување од клубот со кој не соработувале уште од 2011 година.

Новата сезона во Премиер лигата започнува за 46 дена, а клубовите веќе сериозно работат на засилувањата.

Тотнем во наредната сезона ќе игра на четири фронта и тоа во: Лигата на шампионите, Премиер лигата, Лига Купот и ФА Купот, а освен то ги чека и финалето во Суперкупот против ПСЖ на 13 август.

Информациите на Островот говорат дека едно од засилувањата за „петлите“ може да биде Мохамед Кудус. Кудус во дресот на Вест Хем на 89 натпревари постигна 19 голови и така го привлече вниманието на себе.

Интересно е што тој би бил првиот фудбалер кој од Вест Хем преминува во Тотнем по Скот Паркер во 2011 година. Во 2015 година Даниел Леви го блокираше трансферот на Адебајор во Вест хем и од тогаш немаше никаква соработка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×