Ѓокереш одлучил: Не се враќа во Спортинг, еден клуб е фаворит во преговорите!

by Стефан
1 минути читање

Шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш (27) ја известил управата на Спортинг Лисабон дека нема намера наредната сезона да игра за португалскиот гигант, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Напаѓачот сака да започне ново поглавје во својата кариера, иако во Лисабон се чувствува одлично.

Арсенал е клубот кој најинтензивно преговара со Швеѓанецот и, според извори блиски до преговорите, е најблиску до ангажман на офанзивецот кој минатата сезона блескаше во дресот на Спортинг.

Ѓокереш има договор со лисабонскиот клуб до 2028 година, а во него има и откупна клазула од 100 милиони евра. Тој пристигна во Португалија во 2023 година од англискиот Ковентри за трансфер вреден 24 милиони евра.

Во импресивната сезона зад себе, Ѓокереш одигра 52 натпревари во сите конкуренции, при што постигна дури 54 голови и запиша 13 асистенци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×