Нашиот северен
сосед по долги години избори настап на големо натпреварување но и покрај тоа со
недели се говореше дека Славољуб Муслин ќе добие отказ.
Ваквите најави се
реализираа денеска, Фудбалската Федерација на Србија потврди дека е прекината
соработката со 64 годишниот стратег.
„Постигната е
согласност за раскин на договорот на Славољуб Муслин, и Младен Крстајиќ ќе го
превзеде кормилото на националниот тим” – гласеше известувањето.
„ФФС сака да му
се заблагодари на сега веќе поранешниот селектор за соработката и резултатите.
Крстајиќ ќе го предводи тимот на следните два пријателски натпревари против
Кина и Јужна Кореја”.
Муслин често беше
критикуван за избороот на играчите, дефанзивната тактика која ја применува и
тоа што малку верува во младите играчи, особено талентот на Лацио, Сергеј
Милинковиќ Савиќ.
Во разговор со
медиумите од Србија, тој најави дека во иднина ќе открие повеќе детали а сега
само кратко одговори: „Се разделивме бидејќи немавме исто мислење за тоа како
треба да изгледа тимот за Светското првенство во Русија”.