Лионел Меси повторно ја покажа својата фудбалска магија сега на Светското клупско првенство, каде со маестрален погодок од слободен удар донесе победа на Интер Мајами во дуелот против Порто.
Интер Мајами на полувремето губеше со 0:1, откако погодок за Португалците постигна Саму. Но, веднаш на стартот од второто полувреме, Теласко Сеговија го израмни резултатот, а веќе во 54. минута судијата досуди слободен удар за Интер Мајами кој во гол за победа го претвори Меси.