Мбапе три дена не излегол од соба, речиси и да не јаде!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид денеска потврди дека Килијан Мбапе е хоспитализиран во болница во САД поради акутен гастроентиритис, а сега се појавуваат и детали за неговата состојба.

Во таборот на „кралевите“ стравуваат дека исцрпеноста со која се соочува Мбапе би можела сериозно да се одрази на неговата физичка подготвеност, особено во однос на телесната маса, што значи дека враќањето на тренинзите и фаќањето на препознатливата форма може да потрае подолго од очекуваното.

Францускиот напаѓач во моментов се наоѓа во болница во САД поради акутен гастроентеритис, поради што го пропушти натпреварот против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Од Реал Мадрид потврдија дека станува збор за вирусна инфекција, придружена со висока температура и сериозни проблеми со варењето, поради што бил задржан под медицински надзор за дополнителни испитувања и третман.

Како што објави „Марка“, тренерот Чаби Алонсо внимателно ја следел здравственото состојба на Мбапе во последните денови. Сепак, бидејќи симптомите, особено покачената температура и мачнината не се повлекувале, стручниот штаб донел одлука тој да остане во болницата. Неговиот настап на натпреварите против Пачука и РБ Салцбург е под голем знак прашалник.

Од 16 јуни, Мбапе практично е во целосна изолација, затворен во хотелска соба, без сила за каква било физичка активност. „Марка“ наведува дека во неколку дена успеал да внесе само неколку парчиња овошје, а физички и ментално никогаш не се чувствувал послабо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×