Шкендија ги дозна потенцијалните ривали за второто коло – нема да има лесна задача!

by Стефан
1 минути читање

Единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, Шкендија, го дозна противникот во потенцијалното второ коло. Тетовскиот клуб, кој како шампион на ПМФЛ се квалификуваше во овие квалификации, во првото коло ќе се соочи со ТНС од Велс, тим со кој веќе играле пред неколку години.

Ако успеат да го елиминираат велшкиот тим, Шкендија може да се сретне со екипи кои се редовни учесници на европските натпреварувања. Потенцијални ривали се клубови како: Слован Братислава, Карабах и победниците од двобоите: ФЦСБ – Интер Клуб Десалдес и Олимпија Љубљана – Каират.

Првиот натпревар Шкендија го игра на 8 или 9 јули на гости во Велс, додека реваншот, во кој ќе бидат домаќини, е планиран за 15 или 16 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×