Манчестер јунајтед го активираше планот Ц за нов напаѓач, цената е 100 милиони па се размислува за трампа

by bojan
1 минути читање
Екитике пред неколку дена се поврзуваше со Њукасл, но денеска си подаде рака за трансфер во Ливерпул

Неколку извори објавија дека Манчестер јунајтед се распрашувал за ангажман на Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт, цената на напаѓачот е 100 милиони евра, па се шпекулира за можна трампа во која ќе бидат инволвирани Расмус Хојлунд или Џошуа Зиркзе.

Рубен Аморин сака да донесе нов напаѓач на Олд Трафорд ова лето, планот А се викаше Лијам Делап, но Англичанецот го одбра Челси.

Планот Бе е Виктор Ѓокереш, но се верува дека Швеѓанецот преферира трансфер во редовите на Арсенал.

Па Манчестер јунајтед мора да се насочи кон трета алтернатива и неколку извори објавија дека е опипан терен за ангажман на Уго Екитике, остварен е контакт со неговите агенти и прибрани се информации.

Ајнтрахт Франкфурт нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и постави цена од 100 милиони евра. „Ѓаволите“ сега прават математики и се шпекулира за можна трампа, односно Расмус Хојлунд или Џошуа Зиркзе да бидат испратени во спротивен правец за да се намали сумата.

За услугите на Уго Екитике интерес пројавуваат и клубови како Ливерпул и Челси.

ФОТО: fb/Eintracht Frankfurt

Можно е и ова да ти се допаѓа

×