Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус и Милан размислуваат за спектакуларна трампа помеѓу Душан Влаховиќ и Тео Ернандез.
Јувентус и Милан би можеле заеднички да си ги решат проблемите со Душан Влаховиќ и Тео Ернандез.
Двајцата имаат договори до јуни 2026, нема абер за продолжување на истите, па со цел да не ги изгубат беспари, се размислува за спектакуларна трампа.
На овој начин, цената може да биде наштелувана за и двата клуба во билансите да искажат соодветна добивка.
Проблем е само платата, особено таа на Душан Влаховиќ, кој треба да заработува околу 12 милиони евра во сезоната 2025/26.
Останува да се види дали двете страни ќе успеат да ги испеглаат сите детали за една ваква зделка, која сигурно ќе привлече големо внимание.
ФОТО: X/Juventus