Директорот на Ц. Звезда откри: Против Барселона имаше 70.000 гледачи, ама не смеевме да објавиме!

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда имаше релативно успешна кампања во Лигата на шампионите, забележа некои добри резултати и во Белград дојдоа неколку гиганти.

Спортскиот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, најави уште поголема навивачка поддршка на „Маракана“ во новата сезона и откри интересен детаљ поврзан со мечот против Барселона.

Би требало да продадеме уште повеќе сезонски билети од минатата сезона. Сепак, треба да се пласираме во ЛШ и сè ќе зависи од противниците. Велат дека на мечот со Барселона имало 70.000 гледачи, само што не смеевме да го објавиме тоа официјално“, додаде со насмевка директорот на српскиот шампион.

Официјалните бројки велат дека биле продадени 48,886 билети за натпреварот во Белград.

Фото/Photo: UEFA

Можно е и ова да ти се допаѓа

×