И покрај тоа што ја имаше една од најлошите сезони во својата историја, Манчестер јунајтед е најгледаниот клуб во Премиер лигата.
Англиските телевизиски куќи „Скај Спорт“ и „ТНТ Спортс“ забележале опаѓање на гледаноста во текот на изминатата сезона, но „црвените ѓаволи“ се исклучок од тој тренд и биле најгледани и покрај тоа што завршија на скромното 15-то место на табелата.
Како што пишуваат британските медиуми, големата гледаност не се должи само на бројната армија навивачи на Јунајтед, туку и на фудбалските фанови кои со интерес ги следеа проблемите на „црвените ѓаволи“.
Сезоната можеше да биде спасена со евентуален трофеј во Лигата на Европа, но избраниците на Аморимг загубија во финалето од Тотнем со минимални 1-0.
На „Олд Трафорд“ веќе ги кројат плановите за реконструкција на тимот, а летниот преоден веќе пристигна Матеус Куња од Вулверхемптон за 70 милиони евра.