Пупуларниот „Нестогол“ беше прилично тивок на последните два натпревари против Новара и Форсиноне, па медиумите од Италија под знак прашалник ја ставија формата на напаѓачот, и посочија дека можеби е подобро тој да биде седнат на клупа за да одмори.
Илија Несторовски вчера одговори со одлична партија и со два гола го предовдеше Палермо до победа од 1-3 на гостувањето кај Карпи.
По крајот на натпреварот, тренерот Бруно Тедино застана во одбрана на Македонецот и порача: „Имам целосна верба во Илтија, се работи за сериозна личност и играч со одлични квалитети“.
„Има периоди кога тој нема да постигне гол, но тоа може да му се случи на секого. Меси, Роналдо и Суарез не даваат гол на секој натпревар“.
„Исто така, Илија не е единствениот кој е задолжен за голови, треба и другите да помогнат“.