17-годишник на Ривер, постигна спектакуларен гол на Суперкласико! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ривер славеа победа од 2-1 во натпреварот против Бока Јуниорс, а натпреварот го обележа 17-годишниот тинејџер од редовите на домаќините Франко Мастантуоно.

Мастантуоно беше стрелец на водечкиот гол за својот тим во 26. минута и тоа беше спектакуларен погодок од слободен удар, еден од најубавите во сезоната.

Сепак, не траеше долго радоста на домаќинтие бидејќи Мигел Мерентиел во 39. минута стрелаше за 1-1. За водство од 2-1 на Ривер се погрижи Друиси кој се запиша во листата на стрелци во 45. минута.

Во второто полувреме не видовме погодоци, па така резултатот не се промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани